Во 10.40 часот вчера во полициската станица Струга бил приведен Ф.О.О.(39) од Холандија поради тоа што во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.
Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.