Автобус на Армијата на Република Македонија утринава околу 6:30 часот се запалил движејќи се на патот Пробиштип – Кратово, на четири километри од Пробиштип.
Автобусот, кој бил полн со војници кога избувнал пожарот, е целосно изгорен. Повредени нема, а причинета е само материјална штета.
Интервенирано е со две противпожарни возила.
Градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов, во изјава за МИА, вели дека возачот на автобусот реагирал навреме и сите војници кои се превезувале со автобусот безбедно се симнале.
Случајот го потврдија од СВР Штип, а од Министерството за одбрана најавија дека наскоро ќе излезат со соопштение.
Фото: Нетпрес