Лопетеги веќе се збогувал со играчите на Реал

253
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, сигурно ќе ја напушти функцијата. Како што објави „Марка“, Лопетеги по вчерашниот пораз од Барселона бил свесен дека го очекува отказ и веќе се поздравил со играчите.

Реал загуби на гостувањето кај лутиот ривал со убедливи 5:1.

По 10 кола во шпанската Примера, Реал има само четири победи, две нерешени и дури четири загубени натпревари.

52-годишниот Лопетеги на вчерашниот состанок со играчите говорот го завршил со зборовите „Збогум, за секој случај”.

Се шпекулира дека денеска или во наредните неколку денови Антонио Конте ќе биде назначен за нов тренер на „Кралевите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...