Дваесет и тригодишно момче било убиено на забава во изнајмен стан во Нови Сад, пренесува „Блиц“.
Како што кажала полицијата, момчето веднаш им подлегнало на повредите.
Напаѓачот се обидел да побегне на кровот од зградата, но брзо бил спречен.
– Го најдовме осомничениот за убиството во паника на последниот кат од зградата како се обидува да се скрие. Тој заедно со жртвата биле на забава и почнале да се расправаат, по што следело убиството – неофицијално од полицијата дознава „Блиц”.
Како што изјавиле од Брзата помош, нивна екипа во ходникот на зградата се обидела да изврши реанимација на момчето, но било предоцна.
Неофицијално, друштвото во кое биле момчињата, го изнајмило станот за еден ден за да организира забава во него.