Финскиот претседател Саули Нинисте месецов го посети Саемот на книгата во градот Турку со цел да го слушне говорот на неговата сопруга.
Бидејќи немало слободни места, претседателот седнал на скалите, а фотографијата која го „овековечи“ тоа со воодушевувања се споделува по социјалните мрежи.
Многумина коментираат и дека тоа е можно само во Финска.
Претседателот на Твитер напишал дека му било пријатно на скалите и дека можел во секој момент да стане и да си замине, но тоа не го направил бидејќи говорот на неговата сопруга бил интересен.
Балканските медиумите, пак, потсетуваат и оти финскиот претседател во април годинава беше во службена посета на Хрватска, а дома се вратил со нискобуџетна авиокомпанија и седел во економска класа.