ВМРО-ДПМНЕ ќе анализира дали да има една или повеќе пратенички групи

610

Дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе делува преку една или неколку пратенички групи ќе зависи од тоа што ќе покаже анализата, изјави денеска портпаролот Наум Стоилковски.

– Сметам дека делувањето на ВМРО како една и како неколку пратенички групи воопшто не прави разлика во однос на што треба да претставува политика на ВМРО-ДПМНЕ, политика на опозицијата на сето ова што и се случува на Република Македонија. Така што дали делувањето ќе биде како една пратеничка група или ќе биде како повеќе пратенички групи зависи од она како анализа колку ќе вроди со плод од делувањето на пратеничката група односно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе пратенички групи. Но сепак тоа нема да влијае во насока на она што се вели политика и поставеност на ВМРО-ДПМНЕ, на опозицијата во парламентот – рече портпаролот.

Тој рече дека косултациите со пратениците за нивното делување околу Уставот постојано се во тек.

Тие консултации, рече Стоилковски, се во насока како да се запре ова девастирање на државата и ова економско понижување, национално понижување, државно понижување на граѓаните на Република Македонија.

– Она што се размислува и се она што се презема и се она што ќе се преземе во ВМРО-ДПМНЕ е во насока на спречување на оваа капитулантска власт за понатамошно девластирање на Република Македонија и економско уништување на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија – рече портпаролот не давајќи конкретен одговор дали постои можност партијата да поднесе свои амандмани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...