Сѐ уште не се открива кој бил во хеликоптерот, се јави менаџерот кој го прогласија за мртов

988

Поминаа повеќе од 12 часа по несреќата во која се урна хеликоптерот на газдата на фидбалскиот клуб Лестер, но сѐ уште нема официјални информации за жртви и за тоа кој бил во хеликоптерот. Хеликоптерот синоќа се урна веднаш по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ непосредно по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем.

Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од семејството на тајландскиот милијардер, објави дека во него бил и сопственикот на клубот Вичаи Шриваданапраба. За него вообичаена пракса била да доаѓа и да си оди од натпреварите на неговиот клуб со хеликоптер.

Дел од медиумите пишуваа и дека таму била и неговата ќерка, а некои објавија и оти наводно имало четири жртви, а меѓу нив бил менаџерот на Лестер, Клод Пуел. Меѓутоа, тој ги демантираше ваквите информации и се огласи на социјалните мрежи.

„Сакам да кажам дека не бев во хеликоптерот и дека сум добар“, напиша Пуел изразувајќи жалење за трагедијата.

Според очевидци иако хелкоптерот без проблеми полетал, леталото набргу потоа почнало да паѓа и при ударот на земјата веднаш се запалило.

Врз основа на првичните информации хеликоптерот имал проблеми со задниот ротор.

Властите најавија дека денеска ќе соопштат детални податоци за инцидентот и за бројот на преживеани и загинати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...