Загина врабоен во „Јасен“ откако откажале сопирачките на службеното комбе

561

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“. и според првичните информации, несреќата се случила кога на службено комбе, во кое се превезувале четворица вработени во јавното претпријатие „Јасен“, му откажале сопирачките и се превртело.

Притоа, еден од патниците починал, возачот е потешко повреден, додека останатите патници се здобиле со полесни повреди.

По извршениот увид, дежурниот јавен обвинител нареди обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Меѓудругото, ќе се проверува и сервисната историја и претходното одржување на возилото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...