Сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер, Вичаи Шриваданапраба се наоѓал во хеликоптерот што синоќа се урна веднаш по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ непосредно по натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Хем, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од семејството на тајландскиот милијардер.
За Шриваданапраба вообичаена пракса била да доаѓа и да си оди од натпреварите на неговиот клуб со хеликоптер.
Според очевидци иако хелкоптерот без проблеми полетал, леталото набргу потоа почнало да паѓа и при ударот на земјата веднаш се запалило.
Врз основа на првичните информации хеликоптерот имал проблеми со задниот ротор.
Властите најавија дека денеска ќе соопштат детални податоци за инцидентот и за бројот на преживеани и загинати.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...