Третнерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Ненад Чанак, си поднесе оставка, непосредно по поразот од Задар во петото коло од АБА лигата.
За белградскиот клуб тоа беше петти пораз во низа.
– Се поздравив со играчите. Јас сум одговорен за петте порази во низа. Сега е време да дојде некој друг – истакна Чанак.
Тој го презеде Партизан минатата сезона во февруари и по пауза од четири години му го донесе на клубот првиот трофеј овојуваќи го Купот на Србија. За сега нема најави кој би можел да го наследи Чанак на тренерската функција.