Осомничениот за пакет – бомбите може да добие и до 48 години робија

361

Главниот и единствен осомничен за испраќање на најмалку 14 пакети-бомби на адреса на истакнати личности од јавниот и политичкиот живот во САД Цезар Сајок би можел да биде осуден на казна затвор од 48 години, соопштило американското министерство за правда.

Сајок вчера е уапсен.

Пакет-бомбите се испратени на 14 адреси, а претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека никогаш не смее да се дозволи политичкото насилство да пушти корени во Америка. Тој по апсењето на Сајок за испраќање на сомнителни пакети во САД вети брзо извршување на правдата, и дека уапсениот ќе биде судски гонет „со полн капацитет на законот“. Обвинетиот е успасен во Флорида.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...