Таравари: Не условуваме со гласовите од нашите пратеници за поддршка на Преспанскиот договор

576

Сега имаме убава можност да затвориме одредени прашања. Нашите амандмани ќе бидат за преамбулата и употребата на албанскиот јазик, кажа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари од Алијансата на Албанците во вечерашното гостување во Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

Тој кажа дека тие бараат промени во Уставот со цел албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот, со процентите, односно повторно во духот на Рамковниот договор.

– И во Преамбулата да стои и Рамковниот договор. Минирање на процесот е амнестија, а не нашите барања. Не е табу да збориме дека албанскиот јазик да биде уставна категорија. Ќе се обидеме и пратениците на СДСМ и ДУИ. Ние нема да условуваме, туку ќе се убедиме во Парламентот да ги убедиме пратениците. Ние никогаш не сме условувале. Мислиме дека ова е моментот кога можеме да ги убедиме пратениците да ги направат овие промени. И Заев во 2016 година вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас. Мислам дека и кај СДСМ и кај ДУИ има добра волја да ги прифатат нашите амандмани – рече Таравари.

Тој рече дека не го минираат Преспанскиот договор.

– Не условуваме со гласовите на нашите пратеници за поддршка на Преспанскиот договор – рече Таравари.

Извор: ТВ Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...