Вицепремиерот Османи ги осуди заканите кон претседателот на ЗНМ

Тој додаде дека ова го прават без никакво двоумење или заштита на било кој, вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија.

424

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги осуди навредите кои функционер на ДУИ во интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

– Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи – истакна денеска Османи, одговарајќи на прашање зошто досега не е санкциониран нивниот член, кој упати закани кон претседателот на ЗНМ, Селмани.

Тој додаде дека ова го прават без никакво двоумење или заштита на било кој, вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија.

– Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така што немаме дилема во тој дел, – рече Османи и потенцира дека не смеат да ја преземат улогата на истражни органи за да можат да казнат некого.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...