„Слободен печат“ го врати грантот од Фондот за иновации

Како причина за неможноста да се искористи грантот менаџментот на издавачкото претпријатије наведува дека од добивање на грантот до денес, согласно понудата на домашниот пазар на недвижнини и актуелната понуда на европскиот пазар, не било во можност да ги набави деловните простории и машини, предвидени со проектот.

1064

Менаџментот на издавачкото претпријатие „Слободен печат“ со допис го информираше Фондот за иновации и технолошки развој дека не може да го искористи грантот во висина од 10 милиони денари кој му беше доделен на првиот конкурс на Фондот за зајакнување на технолошките капацитети.

Како причина за неможноста да се искористи грантот менаџментот на издавачкото претпријатије наведува дека од добивање на грантот до денес, согласно понудата на домашниот пазар на недвижнини и актуелната понуда на европскиот пазар, не било во можност да ги набави деловните простории и машини, предвидени со проектот.

„Воедно, сакаме да се заблагодариме на транспарентноста на постапката и укажаната доверба“, се вели во дописот на менаџментот на издавачкото претпријатие „Слободен печат“ до Фондот за иновации и технолошки развој.

Извор: „Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...