Партиска книшка, а не стручност и образование, е критериумот за вработување и напредување во администрацијата. Актуелната влада наместо веднаш да се зафати со средување на хаосoт во администрацијата, таа побрза да си ги згрижи своите членови. Оти реформите се само за пред избори, тогаш на големо се зборува за нив, а после кога ќе се дојде на власт можат да почекаат. И ќе си почекаат и ќе си се спроведат како што и одговара на власта.
И додека администрацијата си се полни со партиски послушници, а директор се станува по партиски заслуги, рамковните административци, си останаа недопирливи печалбари во странство. Па и вицепремиерот Хазби Лика пред неколку месеци разбравме дека не одел на работа и од кога се појавија овие информации го нема и да се појави во јавноста, да каже што правиме со овој проблем што се провлекува низ годините.
Го прашуваме Лика – министре врз основа на што овие лица добиваат плата? Што се случи со операцијата за „активирање“ на овие луѓе? Или ги „активирате“ само за избори? Крано време е да и одговорите на јавноста.
Министерот Манчевски, пак им дава рок уште, ако не нашле во одреден временски рок соодветен ангажман, а не кажува колкав е тој рок, дури тогаш ќе се преземело нешто. Од кога го слушаме ова и пак ништо, плата од македонскиот буџет секој месец си легнува на нивна сметка.
Го прашуваме Манчевски – до кога ќе ги толерирате? Господа од власта зборувате за европски вредности, ама си терате по ваши правила. На овој башибозук мора да му се стави крај. Македонија е под лупа на ЕК, до јуни треба да испорачате реформи во администрацијата.