Турски имам: Мажите треба да ги тепаат своите жени

Изјавата на имамот предизвика остра реакција од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

2273

Жените треба да му се благодарни на Алах за тоа што се тепани од страна на мажите, изјави турскиот имам Нусредин Јилдиз, објави турскиот весник „Хуриет“.

Муслиманскиот свештеник во телевизиски проповед, емитуван на телевизија блиска до владејачката Партија на правдата и развојот, застана во одбрана на домашното насилство.

– Мажите треба да ги тепаат своите жени. Тоа е запишано во Куранот. Ете зошто жените, кои се удрени од своите сопрузи, татковци и други роднини од машкиот пол, треба да пратат молитви за благодарност кон семоќниот и семилостивиот, затоа што им помагаат на своите мажи да се одморат – изјавил Јилдиз.

Изјавата на имамот предизвика остра реакција од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Таквите зборови се недозволиви. Тие му наштетуваат и на нашето општество, и на нашата религија – истакна Ердоган.

И највисокиот орган за верските прашања во Турција (Дианет) го критикуваше Јилдиз.

– Ние не го браниме насилството и зборовите на Јилдиз ги извртуваат постулатите на исламот – изјави лидерерот на Дианет Али Ербаш.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...