Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети
Николе поднесе кривична пријава против А.Д.(35) и С.А.(47),
двајцата од Свети Николе, за сторено кривично дело „злоупотреба
на службената положба и овластување“.
Oд 30.11.2016 до 07.11.2017 година второпријавениот, вработен во ЈКП
„Комуналец“ Свети Николe, со овластување од првопријавениот,
како директор на ЈКП „Комуналец“, иако знаел дека
возилата на „ЈКП Комуналец“ не биле во возна состојба, издавал
картички за купување на гориво за тие возила. Потоа, било
купувано гориво за возила кои не биле сопственост на ЈКП
„Комуналец“.
Првопријавениот потоа, иако бил запознаен за состојбата на возилата на „ЈКП Комуналец“, ги одобрувал фактурите за набавено гориво.
Со ова, пријавените предизвикале штета од 679.342 денари на Буџетот на ЈКП
„Комуналец“ Свети Николе.