Во Нови Сад во населбата Грбавица ноќеска е запален луксузен џип кој потоа експлодирал, потврдиле очевидци на настанот за агенцијата Бета.
Џип „волво XC“ е запален ноќеска во 3 часот, потоа автомобилот експлодирал.
Според дел од српските медиуми овој џип наводно го користел еден од водачите на навивачите на ФК Војводина, кој бил и член на собранието на клубот од Нови Сад.
Полицијата соопшти дека на ова лице и претходно му бил запален автомобил, тој воедно бил осудуван за продажба на дрога и напад на полицаец.
Фото: Радио 021