Дел од нацрт уставните амандмани денеска ќе бидат доставени до Собранието, а постапката ќе почне да се реализира од понеделник, најави пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски.
Тој појасни дека е потребно по три дена за амандман во собраниската комисија па подоцна и на пленарната седница.
-Се надевам и убеден сум дека сите пратеници интегративно ќе учествуваат во дебатата за поднесените амандмани, во подобрување на оние амандмани кои се евидентни и сите заедно да го заокружиме процесот што не движи напред кон ЕУ и НАТО – рече Кирацовски.