ДНК на Алил Демири пронајдена во „омегата“ кај Смилковско езеро

1026

Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири, кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд.

– Кога сме пребарале за ДНК профилите најдени во возилото, ДНК профилот на Демирија Алили роден на 23.06.1985 година излегол, кој бил евидентиран во базата, дека е еден од четирите пронајдени – изјави вештакот Роберт Јаневски, доктор по генетика.

– Речиси невозможно е да има друго лице со овој ДНК профил, освен ако Алили нема близнак, односно клон на него- рече вештакот.

Пет лица може да се идентификуваат од возилото а едното е веќе идентификувано.

Тој го потврди исказот на претходниот вештак дека се откриени четири ДНК профили. Посочи дека по извршената анализа со дата базата дојдено е до заклучок дека ДНК профилот на Алил Демири е идентичен со ДНК профилот на задното десно седиште од возилото.

На прашање зошто толку ниска концентрација на ДНК профил кај мешаниот ДНК профил од машка и женска индивидуа, Јаневски одговори дека можеби на пример кратко престојувале во возилото или многу одамна биле внатре.

– На волан, на менувач и слично, не сме нашле ДНК погодна за споредбени анализи, па не може да се исклучи ниту еден осомничен оти не бил во возилото – одговори Јаневски на друго прашање.

Судењето за „Минструм“ ќе продолжи на 12 и на 19 ноември.

„Монструм“ се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица од крим техника на МВР. Според нивните вештачења, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...