Демократскиот сојуз бара Декларација за национално помирување

82
Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: “Декларација за национално помирување”.
– Во декларацијата треба да се нагласат причините и потребата од помирување, стратешки цели за кои не треба конфронтации, туку консензус и единство, како што се унитарниот карактер на државата,територијалниот интегритет, евроатланските интеграции, владеењето на правото, повеќепартискиот систем и слично – соопштија денеска од Демократскиот сојуз.
Со декларацијата треба да се предвиди рехабилитација и обесштетување на жртвите на еднопартискиот систем и по него, обнова на монтираните политичко-судски процеси, преиспитување на селективната и неправедна лустрација, неправедната приватизација итн.
– Инаку, помирувањето не треба да се меша со идеите за амнестија од кривична одговорност на носители на високи политички и државни функции, а во контекстот на евроинтеграциските процеси и членство во НАТО – се нагласува во соопштението.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...