Абрамович нема намера да го продава Челзи

135

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема намера да го продава клубот и покрај интересот на најбогатиот чешки бизнисмен, Петр Келнер, соопштува „Скај Спортс“.

Според чешкиот весник „Тајден“, Келнер има желба да започне преговори со Абрамович за евентуалното купување на дел од акциите на Челзи. Меѓутоа, според „Скај“, таквите разговори се уште не се случиле и најверојатно нема да се одржат.

Роман Абрамович го купи Челзи во 2003-та година, но во последните месеци се зборуваше многу за тоа дека рускиот милијардер има желба да го продаде клубот. Во јуни, Русинот одбил понуда од 2 милијарди фунти од најбогатиот Британец, Сер Џим Ратклиф.

ФОТО: EPA-FACUNDO-ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...