Експремиерот Никола Груевски доби упатен акт да се јави во затворот во Шуто Оризари.
Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.
Од кривичниот суд потврдија дека упатниот акт на Груевски му бил доставен утрово во судот пред почетокот на судењето за предметот „Траекторија“ бидејќи не го нашле на домашна адреса.
– Денеска, пред судењето за предметот од обвинителствот означен како „Траекторија“, на еден од осудените лица со правосилно потврдената пресуда од страна на Апеалциониот суд – Скопје, за предметот од обвинителството означен како „Тенк“, по претходно неуспешен обид да му биде доставен на домашна адреса, во судот му беше врачен упатениот акт, изготвен од судија за извршување санкции, во кој е наведен максималниот рок од 13 дена до кога треба да се јави на издржување на правосилно
потврдената санкција, соопшти судот.