Тајсон Фјури призна: Купив Ферари и решив да се убијам со максимална брзина (ВИДЕО)

275

Тајсон Фјури еден од најдобрите боксери на денешницата, прозборе отворено вчера во гостувањето на емисијата која ја води популарниот Џо Роган, каде раскажа за неговиот живот на работ, за сите пороци што ги правел и како паднал во депресија.

– За мене тој период беше забава. Само одење по журки, пиење до бескрај и само дрогирање. Си викав ако умрам барем на забавен начин да отидам од овој свет. Но, се будите следниот ден и сфаќате што сте направиле претходниот ден и паѓате во депресија.

Ајде си реков ќе пробам со други спортови, пробав голф, но во мене празнината беше се поголема. Продолжив со пороците. Пиев се дрогирав. Еднаш во 2016 година си реков ајде да пробам брзо да возам и да летнам некаде со колата. Купив Ферари, отидов на отворен пат, но нешто ме спречи, некој глас во мене – рече Фјури во емисијата. , кој е на одличен пат повторно да се врати на врвот.

На Фјури пред неколк години, откако се промовираше по победата над Владимир Кличко во 2015, како да му се случи нешто, и неговата кариера отиде во надолна линија, а сега дознавме зошто.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...