Агенцијата за млади и спорт отвори фитнес зона во Општина Чаир. Од Агенцијата информираат дека ќе продолжат со вложување и поддршка на спортот во оваа општина.
– Сакам оттука да упатам порака за правилна и максимална искористеност на фитнес зоната од страна на сите граѓани, а особено од страна на младите лица. Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе продолжи со вложување и поддршка на спортот во оваа општина – директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.