Капитенот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, по вечерашниот натпревар Македонија-Турција ја критикуваше играта на националниот тим и покрај триумфот над Турција во квалификациите за ЕП 2020.
Најдобриот македонски ракометар вели дека победата и двата бода се важни, меѓутоа вели дека Македонија играла меч без респект еден кон друг и без респект кон битолската публика која ја наполни салата „Боро Чурлевски“ и ја даде потребната поддршка, пишува Гол.мк.
Македонија ја победи Турција во дуелот за квалификации за Европското првенство 2020 година со 31:27.