Тодоров: Верувам во карма!

Поранешниот министер за здравство и вицепремиер рече дека одлуката да се повлече од политиката ја донел поради повеќе причини, меѓу другото, затоа што бил министер во два мандата, но клучно влијание за да донесе таква одлука биле случувањата од 27 април. 

7345

Јас верувам во карма, ако дојдеш со пуч, со пуч ќе си заминеш, вели поранешниот министер за здравство и вицепремиер, Никола Тодоров во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина на Канал 5.

Тодоров тврди дека никогаш ниту направил, ниту помислувал да направи пуч во ВМРО-ДПМНЕ, партијата, во коаја, како што вели, си ги оставил коските.

– Слушнав информации од Малчески дека сум спремал пуч во партијата на денот на Централниот комитет. Јас на денот не бев тука, бев во странство, ситуацијата ме затекна таму, и видов дека сум исклучен од партијата . Тоа боли. Ова е само продолжение на истиот начин на функционирање со сплетки, интриги, кажување работи што не се вистина. Побарав да бидам повикан на општинската дисциплинска комисија која беше задолжена за моето исклучување, затоа што сметам дека имаат обврска да ме сослушаат. Бев повикан, иако тоа беше околу 11 часот навечер. Бев непријатно изненаден, прашав што е тоа што ми се става на товар, одговоор беше фрапантен, ми рекоа: „тоа не ние не знаеме, тоа ќе си прашете во централата“ – рече Тодоров.

Тој вели дека се слушнал со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што му било жал, како биле жигосувани.

– Можеби направиле грешка, но може и ја спасиле државата од пропаст – рече Тодоров.

На прашањето, дали има намера да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров рече:

– Сега тече процесот на мое исклучување од партијата. За другото, ќе видиме.

Негова оценка е дека ВМРО-ДПМНЕ станува се поизолирана партија и дејствува антизападно. Според него, во ВМРО-ДПМНЕ сега има три структури: едната е прозападна, втората група се антизападно ориентирани, а третата која е најголема група, се злоупотребени луѓе кои се под импресии и веруваат дека се борат за Македонија.

Инаку, во вечерашната емисија, Тодоров им се извини на жените поради Законот за абортус, за кој во 2013 година, кога беше донесен, тврдеше дека бил најлиберален во Европа.

Екс министерот за здравство не сакаше да коментира дали Христијан Мицкоски е продолжена рака на Никола Груевски. Тој одговори дека нема ништо против затоа што Груевски е почесен претседател на партијата, но вели дека веднаш по заминувањето не треба претседателот да биде прогласен за почесен претседател, затоа што тоа според него создава револт.

 

Тодоров за Канал 5 рече дека одлуката да се повлече од политиката ја донел поради повеќе причини, меѓу другото, затоа што бил министер во два мандата, но клучно влијание за да донесе таква одлука биле случувањата од 27 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...