Обвинетите за настаните во Собранието на 27 април лани, не ја коментираат евентуалната амнестија. Никој не сакаше да даде коментар и покрај прашања кои новинарите за време на паузата им ги упатија.
Закон за амнестија на сите обвинети најави Христијан Мицкоски на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за 23 октовмри.
Претходно премиерот Зоран Заев, пак, рече дека треба помирување и национално обединување. Коментирајќи го барањето на опозиционерот, Заев кажа дека ќе се разгледа, но не смее да се урне правната држава.