Снимка од крвавиот четврток: Обвинет за 27 април влегол во кабинетот на Велјановски

3218
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Еден од обвинетите за настаните од 27 април, Влатко Трајковски, кој бил помеѓу демонстрантите на крвавиот четврток, околу 19.30 часот на критичниот ден влегол во кабинетот на тогашниот претседател на Собранието Трајко Велјановски, покажува видео снимка од безбедносната камера во холот пред кабинетот на спикерот.

Вратата на Трајковски му ја отвора обвинетата Елена Божиновска, вработена во Собранието. За кратко тој излегува од кабинетот. На снимката од безбедносната камера во холот пред кабинетот на Велјановски можеше да се види и како вработени во Собранието прават гестикулации со рацете со што, како што рече обвинителката, им покажуваат на демонстрантите правец на каде да се движат односно кон холот кој води до прес-салата.

Како што веќе информиравме, од денешните видео материјали се забележа комуникации меѓу дел од лицата со фантомки и другите обвинети со вработените во Собранието, меѓу кои и обезбедувањето на Велјановски.

На денешното рочиште судијката Добрила Кацарска со 500 евра казни по еден од адвокатите за, како што наведе таа, нарушување на редот во судницата. Адвокатот Петар Василев и претходно беше опоменуван бидејќи се обраќал без дозвола од судот.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...