Надал ќе игра на Мастерсот во Париз

198

Првиот светски рекет Рафаел Надал ќе игра на Мастерсот во Париз, објави „Л’ Екип“ повикувајќи се на добро информиран извор.

Шпанецот е надвор од тениските терени уште од полуфиналето на УС Опен кога се здоби со повреда на коленото.

Во случај Надал да се појави на последниот турнир од Серијата 1000 за оваа сезона, ќе има шанса да го брани првото место на АТП ранг листата кое е сериозно нападнато од Србинот Новак Ѓоковиќ кој заостанува само 215 бода.

Се очекува наскоро Надал да го потврди своето учество на Мастерсот во Париз кој ќе се игра од 29 октомври до 4 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...