Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, беше задоволен од играта на тимот во натпреварот од третата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Интер (2:0).
Поради повреда во составот на Каталонците го немаше Лионел Меси.
Сите ние мораше да го подигнеме нивото на игра поради отсуството на Меси. Тоа беше во главата на сите, изјави Валверде.
Нашата задача беше да не дозволиме Интер да ни даде брз гол, да го притиснеме ривалот и да не му дозволиме голем процент на посед на топката. Игравме добро. Ако во националниот шампионатот некогаш нешто недостасува, тогаш во Лигата на шампионите сè оди добро, изјави Валверде.
Барселона со максимални девет бода е лидер во Б-групата од Лигата на шампионите. Интер има шест, ПСВ и Тотенхем се со по еден бод.