Камперка од Украина се изгубила на Шапка

601

Дваесет и едногодишна камперка Ф.О. од Украина се изгубила во месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, каде ја пронашле полицајци.

Таа се изгубила вчера околу 18.30 часот, кога заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и ѝ пружиле помош. Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М. (27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл. Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...