Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, изјави дека за време на гласањето за почеток на уставните измени не бил во собраниската зграда.
– Јас тој ден бев во мојата канцеларија, учествував на настан организиран од амбасадата вечерта, и како и повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба, изјавил Бејли за Телевизија 21.
За Бејли се апсурдни обвинувањата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание.
-Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор – изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.