Италијанскиот тренер Антонио Конте е подготвен да го преземе Реал Мадрид, доколку Хулен Лопетеги добие отказ.
Конте пред неколку месеци го напушти Челзи, а неговото евентуално доаѓање во Реал ќе го чини мадридскиот клуб 10,8 милиони евра.
Лопетеги имаше исклучително лош старт на сезоната и доколку Реал загуби на претстојното „Ел класико“ со Барселона многу веројатно го чека отказ.
Шпанските медиуми наведуваат дека раководството на Реал контактирало и со поранешниот тренер Жозе Мурињо, кој сега го предводи англискиот премиерлигаш Манчестер Jунајтед.