Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека утре се планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа и без електрична енергија ќе останат граѓани од делови од Општина Сопиште, Чаир, Студеничани, Бутел, Карпош, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од село Соње.
Од 08:45 до 14:00 часот корисниците од булеварот „II Македонска Бригада“, улицата „Никола Малешевски“, булеварот „Македонско Косовска Бригада“, улиците „Роналд Реган”, „Ѓорѓи Поп Христов” , „Методија Митевски“ , ОУ Васил Главинов во Чаир.
Корисниците на дел од село Морани без струја ќе бидат од 09:00 до 15:00 часот.
Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Морани, од 09:00 до 11:10 корисниците од улицата 8 (Радишани) и населба „Буринарец”, како и населбата „Хот Хот”, дел од Љуботенски Пат во Општина Бутел.
Ќе немаат струја и корисниците од улицата „Софре Марковски”, ОУ Климент Охридски, улиците „Коста Ристовски”, „Петар Чангов”, „Марко Крале”, „Натанаил Кучевишки”, „Андре Мазон”, Црква Бутел и околината, улиците „Зафер Мудиќ”, „Призренска”, „1099″ и „Благоја Вујов” во периодот од 08:40 до 14:30 часот.
Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Горни Жданец, а од 08:35 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Никола Грчето”, „Петар Ичко”, „Методија Митевски”, „Аугуст Цезарес”, „Благоја Паровиќ” во Чаир.