ОБНОВЕНО Се евакуира Си-Ен-Ен, во редакцијата во Њујорк добија импровизирана бомба ВИДЕО

Полицијата на Њујорк преку социјалните мрежи ги предупреди новинарите да не отвораат никакви сомнителни пакети кои ги добиваат по пошта. Според сомнежите, на мета се новинари кои важат за блиски до Демократската партија. Во насока на овие сомнежи на полицијата одат и фактите што сомнителни пакети беа испратени и до семејствата на Обама и Клинтон, а пред два дека и до Џорџ Сорос. Најновите информации се дека пакет стигнал и во канцеларијата на гувернерот на Њујорк.

428

Канцелариите на Си-Ен-Ен во Њујорк се евакуираат поради сомнителен пакет, јавува „Асошиејтед прес“.

– Штотуку имаше евакуација во нашата зграда во Њујорк бидејќи полицијата истражува за сомнителен пакет – рекол новинарот на Си-Ен-Ен, Сајмон Прoкупец, известувајќи во живо.


– На терен е одделот за противексплозивни направи на њујоршката полиција кој ќе го провери тој пакет – додал репортерот.

Неофицијалните информации се дека станува збор за импровизирана бомба направена од цевки и жици, која полицијата ја третира како експлозивна направа.

Полицијата на Њујорк преку социјалните мрежи ги предупреди новинарите да не отвораат никакви сомнителни пакети кои ги добиваат по пошта. Според сомнежите, на мета се новинари кои важат за блиски до Демократската партија, како и членови и функционери од редовите на демократите.

Во насока на овие сомнежи на полицијата одат и фактите што сомнителни пакети беа испратени и до семејствата на Обама и Клинтон, а пред два дека и до Џорџ Сорос.

Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше пронајден рано денеска, и двата откриени за време на рутинската проверка на поштата.

Белата куќа, во соопштение, ги осуди обидите за напади врз Обама и Клинтон.

– Тие терористички дела се подли, и секој што е одговорен ќе се соочи со законот – рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

ОБНОВЕНО

И гувернерот на американската држава Њујорк Ендрју Куомо изјави дека сомнително писмо со експлозивна направа било испратено во неговиот кабинет на Менхетн.

Куомо нагаласи дека бил само информиран дека сомнителен пакет бил испратен во неговата канцеларија во Менхетен. и оти се работи на сллучајот.

– Не би бил изненаден ако се појават повеќе сомнителни пакети со експлозивни направи – рече Коумо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...