Музејот на ВМРО затворен за посетители на Денот на ВМРО

427

На затворени врати наишле граѓаните кои вчера сакале да го посетат Музејот на македонската револуционерна борба и покрај фактот што се одбележуваше истоимениот празник, пишува Скопско ехо.

Чуварите на влезот во Музејот со куси зборови дека „денеска не се работи“ ги враќаа сите оние кои доаѓаа пред главнот влез.

– Како тоа токму денеска, на денот на македонската борба, овој Музеј да не работи. Треба да е спротивно, да работи, а неговите врати да се ширум отворени за посетителите – револтирано реагираше еден од граѓаните кој беше вратен на влезната врата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...