Церар: Процесот во Парламентот е легитимен и ја изразува волјата на граѓаните

100

Свесен сум дека консултативниот референдум не го исполни основниот правен услов за да биде важечки, но во Словенија цениме дека резултатот донесе една убедлива порака да се продолжи со политичките процеси за евроинтеграциите, односно за влез во НАТО. Сметаме дека овој процес што се случува во Парламантот е легимитмен и ја изразува волјата на граѓаните.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Од тој аспект тој изрази задоволство што во Собранието беше постигнато мнозинство за да може да се продолжи со постапката за промена на Уставот, односно постигнување на основите што на Македонија ќе и овозможат што побргу да се приклучи кон НАТО и влезот
во ЕУ.

– Македонија се наоѓа во еден историски момент. Одлуките што ќе бидат усвоени следните месеци ќе бидат од историско значење не само за Македонија, за нејзините следни генерации, туку и за целиот регион. Словенија сите овие процеси ги следи и силно и сериозно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции – истакна Церар.

Официјална Љубљана, додаде тој, посакува Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ и заради сопствените интереси и смета дека земјата требаше уште годинава да ги почне пристапните преговори со ЕУ согласно препораките на ЕК, бидејќи веќе ги исполнила условите за тоа.

Министерот Димитров изрази задоволство што првата посета на Церар како шеф на дипломатијата е токму на Скопје со што се потврдуваат блиските пријателски односи меѓу двете земји. Ја нагласи силната словенечка поддршка за евроатлантските интеграции и во тој контекст ја посочи улогата на Словенија како контакт амбасада за Македонија за членството во НАТО од 2019 година.

– Таа должност Словенија ќе ја презеде од Хрватска која сега е таква амбасада и тоа ќе се случи во клучен период околу формулирањето на пристапните протоколи за нашето членство во НАТ – рече Церар.

Двајцата изразија и задоволство од растот на тровската размена меѓу двете земји и одличните економски односи, што очекуваат да продолжат со позитивен тренд.

На новинарско прашање во врска со проблмеот со употребата на словенечкиот јазик кај словенечкото малцинство во Австрија Церар нагласи дека сите отворени прашања се решаваат низ дијалог, со билатерални договори, а во тоа многу им помага тоа што и двете земји се членки на ЕУ кои се во добри односи.

-Токму членството во ЕУ им овозможува на земјите членки нивните прашања да ги решаваат полесно, бидејќи сме поповрзани во однос на сите работи и ја чувствуваме таа синергија. Затоа имаме поголем интерес да ги решаваме побргу тие спорни прашања. И тоа што редовно се среќаваме во Брисел и комуницираме на билатерален начин на маргините на тие средби имаме повеќе можност за дијалог. Затоа секое такво
поврзување како што е европската заедница е корисно бидејќи во овие динамични времиња, кога светот е на кревки темели, важен е дијалогот меѓу државите, согласно демократските вредности – рече Церар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...