Таксисти притиснати да гласаат, нова „бомба“ во Кривичен

633

Миле, Турчин е газдата на компанијата. Ројал такси. Не е овие што соработуваме, му вели соговорничката Ирена Мишева на тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески, во една од „бомбите“ во Кривичен за случајот „Титаник“.

По кратка расправа, таа му возвраќа на Јанакиески: „Види ги таксистите кои се што се, да ги притиснеме“.

За прв пат, како што нагласија во Кривичен, денеска се слушна и гласот на Коста Митровски во судница.

– Миле, Коста е тука. Нешто 4-5 избирачки списоци. Не може повеќе. Немаше никој, па успеав да ги земам да ги ставам у кола – вели тој, а потоа го прашува Миле каде се наоѓа.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...