Кристијано Роналдо е убедливо најполураниот фудбалер на светот. Португалецот синоќа со својот клуб Јувентус гостуваа на „Олд Трафорд“ кај поранешниот негов клуб Манчестер Јунајтед. Роналдо беше топло дочекан од англиските фанови, а еден од нив кој втрча на теренот беше почестен со заедничко селфи.
United fans sing ‘Viva Ronaldo’ to Cristiano Ronaldo as he leaves the pitch #mufc pic.twitter.com/XZDOLuOO7u
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) October 23, 2018
Навивачот беше совладан од обезбедувањето пред да стигне до Роналдо, но Португалецот ја испочитува неговата желба и отиде до него да се фотографира.
🎶 Viva Ronaldo 🎶
Cristiano Ronaldo was the very last player to leave the pitch as he received a chorus and an ovation from the Old Trafford crowd…#NoFilterUCL pic.twitter.com/8bzxH9kp1r
— Football on BT Sport (@btsportfootball) October 23, 2018
Јувентус го доби натпреварот со 1:0.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо им оддаде признание на одбранбените фудбалери на Јувентус за прикажаната игра во победата остварена синоќа над неговиот тим со 1:0.
Мурињо имаше пофални зборови и за своите фудбалери, но беше фасциниран од тоа како Бонучи и Киелини ги одработија своите задачи.
– Господинот Бонучи и господинот Киелини можат да одат на Харвард и да држат предавања на тема „Како да се биде сјаен дефанзивец“, истакна португалскиот тренер.
Фантастични, се. Воопшто целиот тим им функционира беспрекорно. Тука се секако Роналдо и Дибала. Тие се фаворит број 1 за трофејот во Лигата на шампионите, додаде Мурињо.
Јувентус има максимални девет бода по трите рунди во Х-групата, Манчестер Јунајтед е втор со четири бода, а по нив се Валенсија со два и Јанг Бојс со еден бод.
ФОТО. Твитер