Мицкоски: Некој ќе рече сѐ пропадна, но ништо не е готово

909

Некој ќе рече сѐ е готово, сѐ пропадна, јас ќе речам ништо не е готово, откажувањето не е опција. Владата веќе нема легитимет, а денот кога и да бидат изборите јас ќе ве потсетам да не верувате во оние кои веќе еднаш за се ве излажаа, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба.

– Водењето на држава е како семејството. Сега ви дојдоа натрапници во дворовите, непоканати ви го заседнаа вашиот имот, ако не ги спречиме ќе дојдат и ќе ви го одземат ходникот, па кујната, па дневната, на крај ќе ви ја одземат куќата, а никој од вас нема да биде моќен да го повика соседот отспротива, бидејќи и тој ја има истата мака со натрапниците. Ако не го кренеме гласот сега против ова зло ќе продолжиме да ја губиме земјата, дел по дел, чекор по чекор. Затоа е потребно да се кренеме против да бидеме обединети и сложни додека не биде предоцна. Имаме земја која ја сакаме, на која сме горди и која немаме намера да ја изгубиме – порача Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...