Одлуката на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на Мијалков

1164

ВМРО – ДПМНЕ ја обзнани одлуката на Дисциплинската комисија на ОК Центар за исклучувањето на Сашо Мијалков.

„Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ согласно Статутот, член. 27, став 1, алинеја 17 и Член 16, став 1, алинеја 4 а врз основа на Член 5, став 1 од Правилникот за Дисциплинска одговорност на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 23.10.2018 година ја донесе следнава одлука:

Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалов согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалов на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата“, соопштија од партијата на Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...