Претпладнево околу 11 часот женско лице пријавило дека во нејзиниот дом на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром се појавила нејзината ќерка со новороденче во рака, вели МВР.
Ќерката за која постои сомневање дека се породила дома, го оставила новорододенчето кај мајка си и го напуштила местото. Новороденчето било однесено во Клиничкиот центар Мајка Тереза на преглед, велат од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на мајката на новороденчето, но и за расчистување на целиот случај.