ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриoтизам на Никола Груевски, наместо штетно делување Христијан Мицковски треба да ги напушти политките на поделби и омраза, реагира СДСМ на предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата за го напушти законот за јазици за да добие поддршка на реформите од страна на опозицијата.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриотизам. Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија. Со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата“, стои во реакцијата.
според СДСМ, Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните.
„Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прифатат концептот на едно општество, а не напразно да го споменуваат во јавноста и низ медумите. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани“, стои во реакцијата.