Џафери: Нека овој ден биде потсетник дека секој ден е борба за подобар живот

238

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери испрати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

– Дозволете во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и од име на пратениците во законодавниот дом, да го честитам 23-ти октомври, којшто според Законот за празниците на Република Македонија е Ден на македонската револуционерна борба и да ви посакам овој ден да го поминете во добро расположение, во кругот на најблиските, стои во честитката.

Во неа се додава нека овој ден биде потсетник дека во животот секој ден е борба, борба за подобар живот, борба за градење на подобро, поздраво општество, борба за политички стабилна, економски напредна држава со светла иднина, безбеден дом за сите наши граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...