Македонските борачи освоија на 34 медали на Балканскиот шампионат

На шампионатот Македонија ја претставуваа 23 спортисти кои забележаа успех со освојување на 34 медали од кои 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени.

142

Академијата за боречки вештини ЗА-НЕД-ДО од Битола која е официјален претставник при [WFMC] Светскиот совет за боречки спортови и вештини за Република Македонија во периодот од 9-ти до 10-ти Март 2018 година учествуваше на првиот Балкански шампионат кој се одржа во Брчко, Федерација Босна и Херцеговина.

На шампионатот Македонија ја претставуваа 23 спортисти кои забележаа успех со освојување на 34 медали од кои 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени.

Доминираа борбите од боречките спортови и вештини особено во Кик Бокс како и демонстациите во самоодбрана.

На настанот учество зедоа над 400 натпреварувачи од сите земји поранешни членки на Федерацијата Југославија како и Република Словачка и Република Унгарија.

Пред почетокот на Балканскиот шампионат  Златко Неделковски беше именуван за претседател на Светската организација за регионот на Балканот кој брои 12 земји членки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...