Канческа-Милевска: Со никој не се договарав, никој не ми понуди пари

Ако некој го следел говорот во Собрание многу јасно ќе сфател дека јас во оваа фаза ќе дадам поддршка, рече Канческа-Милевска.

1784
20160203 Wednesday mkc izlozba pikaso picasso ministerka minister kultura elizabeta kanceska milevska

Поранешната министерка, а актуелна пратеничка од опозицијата Елизабета Канческа-Милевска во нејзиното вечерашно гостување во емисијата 360 Степени на Алсат ТВ рече дека со никој не се договарала околу гласањето во парламентот, како и дека никој не и понудил поткуп.

– Со никој претходно не сум се договарала. Можев да се доведам во собраниската сала јас да бидам единствена која би гласала „за“. Можеше да се случи и тоа. Јас сум размислувала за тоа и пред мене сум чиста. Ги отфрлам тврдењата дека постоел поткуп, дека имало некакво договарање – рече Канческа-Милевска отфрлајќи ги и наводите дека нејзиниот глас е и поради обвинението против неа во случајот „Тендери“ на СЈО.

За исклучувањето од партијата на неа и на останатите пратеници кои гласаа „за“ во петокот, таа смета дека станува збор за одлука која е избрзана и непринципиелна.

– Многу од колеги размислуваат како што размислувам јас. Тој став не го изградив од вечерта за вечерта. Го изградив врз сеопфатна анализа, вклучувајќи ги грешките на партијата, на власта, на нас како функционери и претходни и сегашни. Патриот за мене е онаа личност која и мисли добро на државата и кој со различни дискусии и дебати може да ѝ помогне на државата – рече пратеничката.

Таа не даде прецизен одговор дали му кажала на лидерот Христијан Мицкоски дека ќе гласа „за“, но посочи дека за нејзините ставови разговарала со него и му ги укажала.

– Ако некој го следел говорот во Собрание многу јасно ќе сфател дека јас во оваа фаза ќе дадам поддршка – рече Канческа-Милевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...