Мицкоски ги разреши Јанчев и Богданов?

2575

Според неофицијални информации, на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од функциите на партијата биле разрешени потпретседателот на партијата и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, како и Костадин Богданов, кој е член на Извршниот комитет на партијата.

Двајцата беа против тоа да не се излезе на референдум, туку се залагаа да се излезе и да се гласа „против“.

Двајцата, според нашите информации, вечерва не се присутни во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата, според нашите информации, вечерва исклучен е и Петар Богојевски од редот на реформаторите, кој претходно беше разрешен од функцијата заменик-генерален секретар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...