Група студенти сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ одржаа мирен протест во дворот на домот бидејќи две недели немале топла вода ниту греење. Тие порачаа дека проблемот се решава две недели, но резултати нема, пишува Факултети.мк.
– Ни студи и не можеме да се избањаме. Цевките од парното две недели стојат во дворот, раскопано е, но никој не работи. Не можеме веќе вака- изјавија тие.
После најавата на студентите дека ќе протестираат бидејќи две недели немале топла вода, ниту греење, со соопштение се огласи Државнот студентски центар. Оттаму велат дека екипи го решаваат проблемот.