Познатиот новинар и водител Миленко Неделковски доби кривична пријава за загрозување на сигурноста и за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Станува збор за негови објави насочени кон премиерот Зоран Заев.
Тој денеска беше приведен во полициската станица во Велес на разговор, а во неговиот дом полицијата изврши и претрес.
Неофицијално одземен е комјутер и мобиен телефон.
– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk – велат од МВР.
Инаку, пред три дена Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднесе и обвинителен предлог против Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку неговите коментари и статуси на социјалните мрежи за време на катастрофалните пожари во Грција изминатото лето.